Фленсбург гради моќен тим – потпиша еден од браќата Кошта!

Тимот на Фленсбург го договори еден од браќата Кошта – десниот бек Франциско, кој треба да му се приклучи на бундеслигашот во 2027 година, пишува „Handball Basse“.

Фленсбург пред неколку дена го ангажираше и исландскиот репрезентативец на истата позиција од 2027 година, па ќе има квалитетно дуо на десен бек.

Младиот Португалец веќе подолг период важи за еден од најперспективните ракометари во Европа.

Со одличните партии во дресот на Спортинг Лисабон и португалската репрезентација, го привлече вниманието на најголемите клубови, а во еден период беше поврзуван и со Барселона.

Интересно е што Фленсбург не застанува тука. Според информациите, клубот покажува интерес и за неговиот брат, Мартим Кошта, кој исто така би можел да направи трансфер во Германија, но засега нема постигнато договор со него.

Од друга страна, нивниот татко Рикардо Кошта нема намера да ја напушти Португалија. Тој ќе продолжи да го води Спортинг Лисабон, но ќе им дозволи на своите синови да направат следен чекор во кариерата.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]