По повредата на данскиот репрезентативец Лукас Јоргенсен, бундеслигашот Фленсбург тргна во потрага по негова замена, а таа заврши во Загреб.
Босанскиот репрезентативен пивот Адин Фаљиќ е нов член на Фленсбург, со кој потпиша договор до крајот на сезоната.
Загреб доби оштета за босанскиот кружен напаѓач, кој ќе им прави друштво на Јоханес Гола и Блаж Благотиншек.
Хрватскиот првак ќе остане со Патрик Валчак, Петар Топиќ и Роко Трифковиќ на пивотменската позиција, а ако треба таму може да биде користен и Јаков Гојун.

























