Croatia vs Slovenia - Main Round, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Zagreb, Croatia, 26.01.2025., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Фленсбург, Берлин, Кил… во трка за потписот на Шипиќ

Репрезентативецот на Хрватска, Марин Шипиќ, кој имаше одличен настап на Светското првенство, стана мета на неколку богати клубови.

Според информациите на хрватскиот портал „Germanijak“, за кружниот напаѓач заинтересирани се Фленсбург, Фуксе Берлин и Кил.

Покрај овие три бундеслигаши, интерес за Шипиќ покажале и други клубови, па останува да се види кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.

Шипиќ моментално настапува во Швајцарија, каде што го носи дресот на амбициозниот Луцерн, клуб во кој пристигна во сезоната 2023/24.

Во својата татковина, тој играше за Загреб, Нексе Нашице и Вараждин, а со Загреб три пати учествуваше во Лигата на шампионите.