Шок во Скопје! Финалето на ЕХФ Купот не се одигра, откако грчкиот тим одби да излезе на теренот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и да се спротистави на нашиот Куп победник, тимот од Автокоманда.
Сè беше подготвено за почеток на натпреварот, но гостите се предомислија во последен момент. Причината – незадоволство поради ограничениот број навивачи што добија дозвола за влез.
АЕК пристигна со повеќе од дозволените 200 фанови, а тоа предизвика проблем и тензии. Дел пристигнале во Македонија, а дел не добиле дозвола да влезат во Македонија.
Според неофицијалните информации, раководството на АЕК не им дозволило на играчите да излезат н атерен ако нем анавивачи на трибините. Но, навивачи воопшто ги нема.
Разговорите на теренот траеја повеќе од половина час – тренерот Бужан и капитенот Дејвис се обидуваа да најдат компромис со официјалните лица, но по барање на претседателот на АЕК, клубот реши да не настапи од солидарност со своите навивачи.