Филип Талески го одигра последниот меч за Бенфика

Македонскиот интернационалец Филип Талески го одигра последниот натпревар за Бенфика и го затвори португалското поглавје од кариерата.

Бенфика на домашен терен славеше убедливо против Маритимо со десет погодоци разлика, 38-28, во последното коло од плеј-офот.

Левиот бек од Македонија постигна четири погодоци од седум обиди на овој натпревар, со кој се прости од навивачите во Лисабон.

Бенфика првенството го заврши на третото место и обезбеди пласман во Лигата на Европа, а Талески од лето одново ќе се врати во Македонија и ќе го облече дресот на Вардар.