Филип Лазаров на трибини во Хернинг: Шампионскиот дрес на Стоилов – амајлија против Португалија!

Maшката репрезентација на Македонијај вечерва го игра вториот натпревар на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Меѓу навивачите ќе биде и поранешниот македонски репрезентативец и брат на селекторот, Филип Лазаров.

Тој во моментов е тренер на германскиот тим Ратинген Интерактив, но дојде во Хернинг да ја бодри Македонија.

Лазаров го носи дресот од екипата на Вардар, со број 5 од Стојанче Стоилов, кој пикерот го носеше на финалето во 2019 година и триумфот над Веспрем во Лигата на шампионите.

Дали среќниот дрес на Стоилов и Лазаров, ќе биде доволен за триумф над Португалија, останува да видиме.