Филип Кузмановски пред полуфиналето во ЛШ: Верувам во вас!

Капитенот на македонската репрезентација и Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, денес ги посети младинските ракометари на клубот, кои го одработија последниот тренинг пред заминувањето на завршниот турнир на Лигата на шампионите за младинци во Келн.

Кузмановски упати охрабрувачки зборови до младите играчи, им посака среќа и истакна дека нивниот настап претставува гордост не само за клубот, туку и за цела Македонија. Тој им порача да веруваат во себе и да уживаат во шансата да се надигруваат со најдобрите младински екипи во Европа.

Експедицијата на Еурофарм Пелистер денеска заминува за Келн, а од 20:00 часот ќе го одржи официјалниот тренинг пред полуфиналниот дуел против данскиот тим ГОГ Гудме.

Полуфиналниот натпревар ќе се одигра во сабота, 14 јуни, со почеток од 09:00 часот во Дормаген. Победникот ќе обезбеди пласман во финалето на најпрестижното младинско ракометно натпреварување во Европа.