Филип Кузмановски ќе биде капитен на Македонија на СП!

Филип Кузмановски го замени Никола Митревски во капитенската улога за првите два меча од квалификациите за ЕП 2026 против Естонија и Литванија, бидејќи голманот не беше во ростерот за тие средби.

Но членот на Еурофарм Пелистер, кој е капитен и на битолскиот клуб, ќе продолжи да ја извршува таа улога и во националниот тим.

На првото големо натпреварување како капитен, Кузмановски ќе ја води Македонија во Вараждин, а јавноста очекува пласман во главната рунда.

Ривали на Македонија во групната фаза ќе бидат Унгарија, Холандија и Гвинеја, а доколку се пласира во главната рунда ќе се соочи со најдобрите три селекции од групата во која се Франција, Катар, Кувајт и Австрија.