Хрватскиот голман Филип Ивиќ ќе си замине од македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и ќе се пресели во Србија.
Тој не ги оправда очекувањата во Битола, беше во сенка на Никола Митревски, па следуваше разделба со пелистерци.
Според информациите, Ивиќ ќе ја продолжи својата кариера во српскиот вицепрвак Војводина, кој остана без двајцата голмани – Фран Лучин и Андреј Трнавац.
Претходно во кариерата Ивиќ бранеше за Загреб, Целје, Гумерсбах, Келце, но никаде не остави длабока трага.