Тимот на ГРИФК, каде што игра македонскиот интернационалец Филип Чурлевски, славеше на директен конкурент за третото место на табелата во финскиот шампионат.
Предводен од македонскиот среден бек, ГРИФК го победи поранешниот првак Дикен со 32-29 и сега се искачи место повисоко.
Чурлевски беше избран за МВП на натпреварот, откако успеа да погоди девет пати во противничката мрежа и беше најдобар стрелец.
ГРИФК и Чурлевски сега се на четвртото место со 22 бода, два бода помалку од третоппласираниот Кокс и еден повеќе од Дикен, но местото во плеј-офот на седум кола до крајот на регуларниот дел веќе е обезбедено.
























