Еден од најуспешните репрезентативци на Шпанија, Жером Френандез, започна соработка со тимот на Бидасоа, односно стана нејзин амбасадор.
Една од задачите на легендарниот Фернандез ќе биде да соработува со клубовите и институциите, па така клубот ќе добие на популарност со неговото ангажирање.
Фернандез со репрезентацијата на Шпанија освои многу медали на големите натпреварувања, а како највредни се двата златни медали на Олимписките игри (2008 и 2012).
Некогашниот лев бек на „црвената фурија“ на клупско ниво го носеше дресот на Монпелје, Тулуз, Барселона, Сиудад Реал, Кил и Екс ан Прованс.
Бидасоа во новата натпреварувачка сезона освен во Асобал лигата ќе учествува и во Лигата на Европа.