Тимот на Келце славеше во драматичната пресметка со Динамо Букурешт со 34-32, иако губеше со три гола во финишот. Полскиот вицепрвак имаше пет плус во првиот дел, но дозволи противникот да се разигра да направи пресврт во второрото полувреме.
Монар доби црвен картон, Динамо Букурешт отиде на плус три, 29-26, но Келце собра сили и се врати во мечот, па поведе со 33-32. Романскиот првак имаше напад за реми, но Ламбросо не погоди, отпадокот го собра Рошта, но Ферлин го одбрани неговиот удар и Наи потоа казни за победа на домаќинот.
Данскиот Алборг го совлада Нант со 31-24, во наптревар кој беше израмнет во првите дваесетина минути до 11-11, а потоа домаќините се одлепија, имаа и плус девет во второто полувреме.
Нант предводен од одличниот голман Биоска успеа да стигне во еден момент и да намали на минус два, 24-22, но кога треаше да го зададе завршниот удар, одново попушти и Алборг замина на недостижна предност.

























