Ференцварош на Цвијиќ и Лекиќ го надигра Ѓер

Екипата на Ференцварош, во која настапуваат двете екс членки на Вардар, Дагана Цвијиќ и Андреа Лекиќ, во натпревар од 11.коло од унгарскиот шампионат славеше над големиот ривал Ѓер.

Ференцварош предводен од репрезентативката на Франција, Лаура Глаузер, која натпреварот го заврши со дури 21 интервенција, победи со 23:18 и со новите освоени бода остана на лидерското место.

Цвијиќ натпреварот го заврши со 100 % реализација, имаше три од три, додека Лекиќ погоди двапати од три обиди, но и подели неколку асистенции кон своите колешки. Предводник во нападот на Ференцварош беше Петра Симон со шест реализации.

Единствена светла точка кај Ѓер, кој одигра многу лошо, и во напад и во одбрана, беше голманката и репрезентативна колешка на Глаузер, Адату Сако, имаше 20 одбранети удари.