Унгарскиот вицепрвак Ференцварош ги продолжи договорите со уште две ракометарки од актуелниот ростер.
Станува збор за светската вицешампионка од Германија, Емили Болк Фогел, која игра во ФТЦ од 2020 година и десното крило Ангела Малештајн.
Болк потпиша договор на две сезони до 2028 година, со можност тој да биде продолжен за уште една.
Малештајн исто така игра во Ференцварош од 2020 година, а стави потпис на договор на две сезони.
Претходно договорите ги продолжија и унгарските репрезентативки Грета Мартон, Катрин Клујбер, Петра Симон, а од клубот заминуваат Жужана Томори и Дарија Дмитриева.

























