Унгарскиот гигант Ференцварош официјално потврди дека на крајот од тековната сезона ќе се раздели со четири ракометарки.
Станува збор за Французинките Орлан Канор и Лора Глозе, некогашната вардарка Драгана Цвијиќ и унгарската репрезентативка Кинга Јанурик.
Иако првично беше постигнат договор за продолжување на соработката со голманката Глозе, таа подоцна се откажа од потпишување нов договор поради лични причини.
Оваа одлука најавува значајни промени во ростерот на Ференцварош во пресрет на новата сезона и борбата на клубот на домашната сцена со Ѓер и европската сцена во Лигата на шампионите.
























