Селекторот на Фарски Острови, Петер Ларсен, го објави скратениот список на ракометари што ќе бидат во комбинација за историскиот настап на ЕП во Германија.
Фарски Острови за првпат ќе играат на континенталниот собир, а Ларсен смета на 18 ракометари меѓу кои само еден игра во домашното првенство – пикер Исак Веделсбол кој е член на Х71.
Сите останати, меѓу кои и првите ѕвезди Елијас Елефсен а Скипаготу и Оли Митун, играат во странски клубови.
Станува збор за интернационалци од Германија, како и скандинавските земји – Данска, Шведска, Норвешка и Исланд.
Фарски Острови пред стартот на ЕП ќе тестираат на два пати со селекцијата на Белгија на 5 и 6 јануари во Торшавн, а во Германија се во тешка група со Норвешка, Словенија и Полска.