Фарски Острови се следниот ривал на Македонија на ЕП

Женската кадетска репрезентација денеска го игра седмиот натпревар на Европското првенство во Црна Гора.

Ривал на избраничките на Даниела Новеска е селекцијата на Фарски Острови, која досега има шест порази на шест меча и тоа најнискиот од 11 голови разлика.

Ова се натпревари од разигрувањето за пласман од 21 до 24 место, а само 21 место носи опстанок меѓу најдобрите.

Победа на овој дуел носи продолжување на битката за опстанок во елитната конкуренција, додека пораз ќе ја врати голем чекор назад Македонија и испаѓање во Б дивизија, односно ЕХФ шампионат.

Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се игра од 12:00 часот во салата „Верде“ во Подгорица.