Селекцијата на Фарски Острови е ривал на Македонија во баражот за Светското првенство 2025 во Данска, Шведска и Норвешка, а навивачите на оваа држава веќе се организираат за патување во Скопје.
И ако федерацијата на Фарски Острови уште на почетокот на февруари ги пушти во продажба и за неколку минути ги продаде билетите за првиот меч во Торшавн, кај нас РФМ уште не објавила никаква информација во врска со билетите.
Федерацијата на Фарски Острови добива барања од многу навивачи, но откри дека не може да ги задоволи нивните барања за билети, бидејќи од РФМ добила информација дека тие ќе се продаваат во април.
Kaпацитетот на СЦ „Борис Трајковски“ е 7.000 гледачи кога се работи за ракометни натпревари, а 10%, односно 700 билети може да и припаднат на федерацијата на Фарски Острови.
Според пропозициите, нивната федерација мора да ги нарача и плати тие билети, но најдоцна до еден месец пред натпреварот (12 април), а ќе ги добие по пристигнувањето во Скопје.
Федерацијата на Фарски Острови веќе ги охрабри нејзините навивачи да се пријавуаат за билети, но со оглед на тоа што заинтересираноста е голема, веројатно ќе организира лотарија.
Aко се знае дека во Германија на ЕП 2024, имаше повеќе од 5.000 навивачи на Фарски Острови, jaсно е дека по таа еуфорија во Македонија можеби ќе допатуваат многу повеќе од планираните 700, кои ќе се обидат на некаков начин да стигнат до билети.
Првиот меч меѓу Фарски Острови е во Торшавн на 8 мај од 18:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот.