Унгарскиот првак Веспрем славеше против европскиот шампион Магдебург со 23-20 и се пласира во финалето на Светското клупско првенство што се игра во Каиро. Со пресврт во вториот дел момците на Чави Пасквал успеаја да го надиграат бундеслигашот, а египетското трио Адел-Зеин-Елдера, се покажа пред „своите“ и со 14 гола беа најзаслужни за победата.
Веспрем поведе на стартот со 1-0, но во првото полувреме Магдебург беше тимот што ја имаше контролата на тереноте. Европскиот шампион предводен од голманот Ернандез имаше во три наврати и предност од три гола.
На паузата се замина со водство на Магдебург, 11-9, а во средината на вториот дел проработи египетската врска во Веспрем, Адел – Хешам, па унгарскот гигант не само што се врати во егал, туку и успеа да се одлепи на плус три, 17-14.
Им се приклучи Елдера, па на десетина минути до крајот веќе беше и 21-17. Ернандез одново се разбрани, Магдебург имаше напад за реми, но не беше реализиран, па казната стигна преку Ремили за 22-20 и веќе немаше време за нешто повеќе.
Веспрем во битката за трофејот ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Барса и Ал Ахли в четврток на 2 октомври.