Фараните заглавени на аеродром

Експедицијата на Фарски Острови вечерва требаше да пристигне во Скопје, но Фараните се уште не се ни тргнати од домашното тло.

Имено, ривалот на Македонија требаше да тргне од Торшавн во 15:30 часот, но неговиот лет најпрво беше одложен зa 18:00 часот.

Неколку часа подоцна, на Фараните им било соопштено дека авионот што требало да слета на Фарски од Копенхаген поради густата магла морал да го промени правецот и се упатил кон Исланд.

Репрезентативците на Фарски Острови моментално чекаат на аеродромот во Торшаавн и најверојатно за Скопје ќе тргнат рано наутро или во доцните ноќни часови.

Тие носат седум гола предност од првата средба во Торшавн, која ја добија со 34-27, а со нив во Скопје доаѓаат и најмалку 100 навивачи од Фарски Острови.

Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се игра на 12 мај во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.