Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска против Фарски Острови ќе го одигра реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство 2025.
Избраниците на Кире Лазаров против Фараните ќе бркаат седум гола негатива, на првиот натпревар беа поразени со 34:27.
Од РФМ соопштија дека билетите за денешниот натпревар се целосно распродадени, па така „црвено-жолтите“ ќе имаат голема поддршка во СЦ „Борис Трајковски“.
Натпреварот меѓу Македонија и репрезентацијата на Фарски Острови ќе се одигра со почеток од 19:00 часот.