Фантастична партија на Горан Крстевски во Израел

Тимот на Нес Зиона каде што игра македонскиот интернационалец Горан Крстевски, освои важен бод во израелскиот шампионат.

Предводен од Македонецот, Нес Зиона на домашен терен одигра реми со Макаби Реховот, 34-34 во натпревар од 14 коло.

Македонскиот среден бек постигна дури 11 погодоци во противничката мрежа и подели четири асистенции.

Нес Зиона сега е на осум бода на 9 место на табелата, а во следното коло ќе има македонски дуел во Израел, бидејќи ќе игра со Макаби Ришон на Марко Мишевски.