Македонскиот голман Виктор Гигов продолжува со одличните партии во шампионатот на јужниот сосед во дресот на ПАОК.
Тимот од Солун славеше на гостински терен кај Пилаја со 30-23, а најголемите заслуги за бодови одат на адреса на македонскиот голман.
45-годишниот чувар на мрежата успеа да одбрани 15 удари на противничкиот тим и го откажа од борбата за позитивен резултат.
ПАОК сега има серија од четири победи по ред, вкупно пет во сезоната и се наоѓа на петтото место на табелата со 11 бода.