„Фалангата“ стапува на сцена – ќе има најмалку 1.000 МАКЕДОНЦИ во Вараждин!

Македонските навивачи се присутни секаде каде што игра нашата репрезентација, па нема да биде исклучок ниту СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка. Иако организаторот Хрватска не не смести како „домаќини“ во некој од хрватските градови пред ждрепката, сепак таа посака Македонија да игра во Вараждин.

Според изјавите на организаторите кои денеска одржаа прес-конференција пред стартот на настанот, потврдени се најмалку 1.000 македонски навивачи на трибините во „Вараждин Арена“.

Поради близината на Унгарија, ќе има многубројни навивачи и од оваа држава, но ќе има противтежа со „Фалангата“.

„Вараждин Арена“ има капацитет од 5.000 гледачи, и јасно е дека во голем дел ќе биде обоена во „црвено-жолто“ боја. Македонија ќе се соочи со Унгарија, Холандија и Гвинеја во прелиминарната фаза од Мундијалот.

Доколку обезбеди место во главната фаза, избраниците на Кирил Лазаров остануваат во „Вараждин Арена“ и ќе играат со трите најдобри од овие четири селекции – Франција, Катар, Австрија и Кувајт.

Ова ќе биде трето големо натпреварување за Македонија на хрватско тло. По СП 2009 и ЕП 2018 година,