Фабрегас назад во Барса – завршена работа

Кружниот напаѓач на унгарскиот Веспрем и француската репрезентација, Лудовик Фабрегас, ќе се врати во Барселона.

Според „Handball Basse“, Фабрегас потпишал договор со каталонскиот гигант на четири сезони и треба да остане во „Блауграна“ до 2029 година.

Францускиот репрезентативец дојде во Веспрем во 2023 година и ја игра втората сезона од договорот.

Иако унгарскиот тим исто така му понуди нов договор и активирање на последната сезона од договорот 2+1, сепак Фабрегас поради семејни причини ја избрал понудата од Барселона.

На линијата од шест метри ќе сочинува трио со Луиш Фраде си Хави Родригез.