Фабрегас до „пензија“ во Барса – потпиша до 2030!

По две сезони во Веспрем, кружниот напаѓач Лудовик Фабрегас се врати во каталонскиот гигант Барселона.

Францускиот репрезентативец потпиша договор на пет сезони со тимот од „Блауграна“ и ќе остане таму до 2030 година.

Тој ќе го има Луиш Фраде за партнер на линијата, каде што Барса сезонава имаше големи проблеми.

Со доаѓањето на Фабрегас, тренерот Ортега реши клучно прашање, па може веќе да се прават плановите за новата сезона.