Ф4 на КУП 2026: Скопско полуфинале – Охрид против Еурофарм Пелистер

Во полуфиналето на Ф4 на Купот на Македонија екипата на Охрид ќе брка финале против Еурофарм Пелистер, а во второто полуфинале ќе се сретнат „сините“ од Автокоманда и „црвено-црните“ од „Јане Сандански“. Така реши ждрепката кој реши за ривалите на Ф4 турнирот.

Победниците ќе играат во недела, на 19 април во финалето во 19 часот. Ждрепката сакаше во петок на 17 април од 17 часот да играат Охрид и Еурофарм Пелистер, а три часа подоцна ќе се сретнат и двете скопски екипи, Вардар и тимот од Автокоманда.

Струмица првпат е домаќин на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, а само еднаш досега беше и место каде се играше машкиот Супер Куп.

Иако се познати саатниците, можно е да има промени доколку тоа го бара МТВ која треба да врши директни ТВ преноси. За женскиот Ф4 во купот ждрепката ќебиде следната недела бидејќи се уште се играат четвртфиналните натпревари.

Актуелен победник на Купот на Македонија е екипата на Вардар, која лани во финалето одиграно во Охрид.