Европскиот првак го освои Целје

Тимот на Магдебург по поразот од Хановер во Бундес лигата, се врати на победничките патеки и оствари триумф во Лигата на шампионите. Избраниците на Бенет Вигерт славеа на гостувањето кај словенечкиот Целје со 37-27, откако на паузата имаа плус шест, 18-12.

Првите петнаесетина минути Целје одолеваше и се играше гол за гол до 7-7, а потоа Магдебург почна да гради предност.

На стартот на вториот дел Магдебург стигна и до плус седум, 21-14, но се опуштија гостите, па Целје се доближи во два наврати на минус два.

Сепак немаше ниту сили, ниту време за некаков камбек, па европскиот шампион само рутински го доработи натпреварот.

Најдобри стрелци кај победникот беа Магнусон и Мертенс со по осум гола, како и Клар со шест, а голманот Ернандез имаше десет одбрани. Во составот на Целје се истакна Цокан со осум погодоци.

Магдебург сега има 20 бодови на второто место и се наоѓа на чекор до потврда на директно место во четвртфиналето, додека Целје останува последен без бодови.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107