Што велат обложувалниците – еве како котира Македонија пред ЕП

Денеска стартува Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, кое се игра по 17 пат во историјата.

Обложувалниците ги објавија коефициентите пред стартот на континенталниот собир, а според сите очекувања, еден од домаќините – Данска, котира највисоко.

Според обложувалниците Македонија има коефициент 3500.00 за освојување европска титула, додека Данска само 1.35.

Во ТОП 5 фаворитите се Шведска, Франција, Исланд и Норвешка.

Што се однесува до групата Б, само 1.02 коефициент има домаќинот Данска за да го освои првото место, додека Португалија е вториот фаворит за пласман понатаму.

Дури 150.00 е коефициентот за Македонија да биде прва во групата, а тоа значи дека според обложувалниците не и даваат шанси на нашата селекција да биде ниту на второто место.

За Македонија настапот на ЕП започнува утре против Данска во „Јуске Банк Боксен Арена“ со почеток од 20:30 часот.