Денеска Управниот Одбор на Ракометната федерација ја потврди одлуката дека во претстојната натпреварувачка сезона ќе има две женски лиги.
Допрва ќе бидат дефинирани пропозициите за натпреварувањата, стартот на сезоната и календарот, но јасно е дека ќе се игра по двокружен бод систем.
Осум екипи ќе играат во Супер женската лига – Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Чаир, Куманово, Вардар, Астибо, Спартак и Пелистер.
Во Првата лига ќе настапуваат следните седум екипи – Деспина, Овче Поле Славјански Универзитет, Ѓорче Петров 2, Стружанка, Шампион, Атлетик и Јехона.
РФМ дополнително ќе ја закаже ждрепката за натпреварувачките броеви, по што ќе бидат дефинирани календарите во двете конкуренции.