Еве кога се игра „вечното дерби“ што ќе решава за шампионот!

По дуелот од финалето на Купот на Македонија меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, овие два тима ќе се сретнат во последното коло од суперлигашкиот плеј-оф во натпревар што ќе реши за титулата.

Шампионот Еурофарм Пелистер ќе гостува во СЦ „Јане Сандански“ в сабота, на 7 јуни, а мечот треба да започне од 19:30 часот.

Сепак овој термин допрва треба да биде потврден од организаторот и од Ракометната федерација на Македонија.

Претходно и Вардар и Еурофарм Пелистер имаат гостувања – кај Тиквеш во Кавадарци, односно во Автокоманда.

На табелата, двете екипи имаат по 17 бодови.