Еве го „возниот ред“: Почнуваме дома со Луксембург, за крај ни доаѓа јужниот сосед!

По извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Европското првенство 2028, познат е и распоред на натпреварите.

Македонија се најде во групата 8 заедно со селекциите на Шведска, Грција и Луксембург, и има отворен пат кон ново големо натпреварување.

„Мисијата ЕП 2028“ ќе започне со домашен меч со Луксмебург, а ќе заврши со домашен меч против Грција.

Нема да бидат неважни ниту дуелите со силната Шведска, која сигурно е фаворит број еден во групата, но често знаела да загуби на гостувањата во балканските земји.

ЕП 2028, квалификации, распоред на натпревари:

1 коло, 5/6 ноември 2026, Македонија – Луксембург
2 коло, 8/9 ноември 2026, Грција – Македонија
3 коло, 10/11 март 2027, Македонија – Шведска
4 коло, 13/14 март 2027, Шведска – Македонија
5 коло, 5/6 мај 2027, Луксембург – Македонија
6 коло, 9 мај 2027, Македонија – Грција

Македонија ги дозна ривалите – еве кои стојат на патот до ЕП 2028!