Ракометарите на Вардар триумфираа против Еурофарм Пелистер со 24-20 во осмата рунда од плеј-офот и се вратија во битката за титулата.
Иако во случај на ист број бодови битолчани ќе бидат во предност поради првиот триумф со шест гола, 27-21, сепак вардарци се надеваат на нивен кикс.
Еурофарм Пелистер е на врвот со 23 бода, додека Вардар е втор со 21 бод. До крајот на сезоната за двете екипи остануваат уште по шест меча.
Пелистерци и вардарци играат со истите шест ривали, со различен редослед, а веќе викендов во Битола гостува Бутел Скопје, додека утре „црвено-црните“ одат кај Пролет.
Еурофарм Пелистер: Бутел (д), Охрид (г), Пролет (г), Тиквеш (д), Струга (г), Алкалоид (д)
Вардар: Пролет (г), Тиквеш (д), Струга (г), Алкалоид (д), Охрид (д), Бутел (г)