Еве го ранкингот од 9 до 32 место на СП – погледнете кои репрезентации завршија пред Македонија

На Светското младинско првенство во Македонија некои репрезентации потфрлија и не ги остварија своите очекувања.

Едни од нив беа Германија, Норвешка, Јужна Кореја, Шпанија…Како што е познато, нашата репрезентација заврши на 16. позиција.

Македонија на младинскиот Мундијал оствари две победи, едно реми и доживеа четири победи, но со пласманот во главната фаза беше остварена зацртаната цел.

Во утрешното финале ќе играат репрезентациите на Франција и Унгарија, додека за бронзата ќе се борат Данска и Холандија.

Конечен пласман (9-32 место)

9. Германија
10. Норвешка
11. Романија
12. Црна Гора
13. Египет
14. Јужна Кореја
15. Кина
16. Македонија
17. Шпанија
18. Ангола
19. Бразил
20. Јапонија
21. Аргентина
22. Србија
23. Гвинеја
24. Тунис
25. Чешка
26. Тајван
27. Иран
28. Узбекистан
29. Чиле
30. САД
31. Алжир
32. Мексико