Денеска се играат осум натпревари од последното, 4 коло од главната рунда во Лигата на Европа, по кое ќе бидат познати сите осминафинални двојки, како и четвртфиналистите.
Најинтересно ќе биде во групата 4, каде што три екипи се борат за првото место кое директно води во ТОП 8.
Македонија ќе има претставник во осминафиналето, откако Бенфика на Филип Талески успеа да обезбеди место минатото коло.
ГРУПА 1
Монпелје заврши прв и оди директно во четвртфиналето
ГОГ Гудме ќе обезбеди место во осминафиналето ако:
– победи или ремизира на мечот со Гранољерс
– загуби од Гранољерс И Криенс Луцерн загуби од Монпелје
Криенс Луцерн ќе обезбеди место во осминафиналето ако:
– победи или ремизира на мечот со Монпелје
– загуби од Монпелје И Гранољерс загуби од ГОГ Гудме
Гранољерс ќе обезбеди место во осминафиналето ако:
– победи против ГОГ Гудме
– загуби од ГОГ Гудме И Криенс Луцерн загуби од Монпелје
Во случај Гранољерс да победи против ГОГ Гудме и Криенс Луцерн ремизира со Монпелје, тогаш ќе има мини-табела на швајцарскиот, данскиот и шпанскиот тим.
голови | разлика | поени | |||||
Kриенс Луцерн | 2 | 0 | 2 | 140 | 142 | -2 | 4 |
Гранољерс | 1 | 1 | 1 | 109 | 108 | +1 | 3 |
ГОГ Гудме | 1 | 1 | 1 | 105 | 104 | +1 | 3 |
ГРУПА 2
Бидасоа Ирун заврши прва и оди директно во четвртфиналето
Лимож заврши втор и оди во осминафиналето
Бенфика заврши трета и оди во осминафиналето
Иштад заврши на четвртото место и е елиминиран
ГРУПА 3
Кил ќе заврши на првото место ако:
– победи или ремизира на мечот со Мелсунген
Мелсунген ќе заврши на првото место ако:
– победи против Кил
Порто ќе заврши на третото место ако:
– победи или ремизира со Војводина
Војводина ќе заврши на третото место ако:
– победи против Порто
ГРУПА 4
Фленсбург, Гумерсбах и Тулуз обезбедија место најмалку во осминафиналето
Фленсбург ќе заврши прв ако:
– победи или ремизира на мечот со Гумерсбах
– загуби од Гумерсбах со не повеќе од 5 голови И Тулуз не победи на мечот со Татабања
Гумерсбах ќе заврши прв ако:
– победи против Фленсбург И Тулуз победи на мечот со Татабања
– победи против Фленсбург со 6 или повеќе голови И Тулуз не победи на мечот со Татабања
Тулуз не може да заврши на првото место, ќе биде втор или трет.
Татабања заврши на четвртото место и е елиминирана
Ако Гумерсбах победи против Фленсбург и Тулуз победи против Татабања, тогаш ќе има мини-табела на двата германски и францускиот тим.
голови | разлика | поени | |||||
Фленсбург | 1 | 2 | 0 | 105 | 100 | +5 | 4 |
Тулуз | 1 | 2 | 1 | 126 | 132 | -6 | 4 |
Гумерсбах | 1 | 0 | 2 | 94 | 93 | +1 | 2 |