Ракометарите на Охрид се пласираа во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп со двојна победа над чешката екипа Дукла Прага и во вторник ќе ја очекуваат ждрепката.
Во оваа фаза веќе нема поделба на екипите по шешири и секоја од екипите ќе има седум потенцијални ривали во ТОП 8.
Потенцијалните ривали на Охрид би ги поделиле на три дела, иако македонскиот претставник може да биде конкурентен на сите и да ги елиминира сите. Одлична ждрепка за „гладијаторите“ би биле екипите на Извиѓач Љубушки, турската Бурса Нилуфер, како и чешката Карвина.
Потешки ривали би биле грчкиот Олимпијакос, романскиот Бузау и словенечкиот Целје, со кои Охрид сигурно ќе потешка задача, но и шанси за прогрес, а убаво ќе биде во оваа фаза да се избегне унгарската Татабања, можеби најсилниот тим во овој Куп.
Ждрепката за четвртфиналните и полуфиналните парови ќе се одржи во Виена во вторник со почеток од 11:00 часот. Натпреварите од четвртфиналето се на програмата на 27/28 март и 4/5 април.
ЕХФ Европски Куп, осминафинале, резултати:
Дукла Прага – Охрид 24-30, 21-30
БК46 – Олимпијакос 25-31, 30-39
Балатонфуреди – Бањик Карвина 27-28, 28-30
Тримо Требње – Извиѓач Љубушки 33-34, 28-31
Рунар Сандефјорд – Татабања 31-36, 33-35
Бешикташ – Целје 34-36, 34-39
Бузау – Коњух Живинице 37-23, 26-28
Бурса Нилуфер – Брно 32-28, 26-29

























