Европската ракометна федерација ги објави сите екипи што ќе играат во ЕХФ Европскиот Куп престојната сезона.
Меѓу 57 женски пријавени тимови има и четири македонски – Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Чаир и Куманово, додека меѓу 73 машки пријавени тимови има и три од Македонија – Охрид, Тиквеш и Бутел Скопје.
Во машкиот ЕХФ Куп, Охрид котира највисоко – на 5 место, Тиквеш е рангиран на 34 место, додека Бутел Скопје кој доби вајлд-карта е на 69 место.
Во женскиот ЕХФ Куп, Ѓорче Петров е рангиран на 7 место, што ќе му носи привилегија во следните ждрепки, Металург Автокоманда е 32 место, Чаир е 48, додека Куманово е рангиран на 53 позиција.
ЕХФ Европски Куп, мажи:
Коло 1 (6/7 септември – 13/14 септември)
шешир 1: Бејкоз (Турција), Строволос (Кипар), Мистра (Естонија), Беса (Косово), Дуделанж (Луксембург), Гранитас Каунас (Литванија), ПАОК (Грција), Вогошча (Босна и Херцеговина), Сасари (Италија)
шешир 2: Вослау (Австрија), Спор Тото (Турција), Еш (Луксембург), Врилисија (Грција), Бутел Скопје (Македонија), Констанца (Романија), Слога Добој (Босна и Херцеговина), Балатонфуреди (Унгарија), Депсас (Турција)
Коло 2 (11/12 октомври – 18/19 октомври)
шешир 1: губитник од ЛЕ квалификации, Олимпијакос (Грција), Хафнарфјордур (Исланд), Војводина (Србија), Охрид (Македонија), Рунар Сандефјорд (Норвешка), Бузау (Романија), Тримо Требње (Словенија), Извиѓач (Босна и Херцеговина), Татабања (Унгарија), Дукла Прага (Чешка), Повашка Бистрица (Словачка), Конверзано (Италија), Кремс (Австрија), БК-46 (Финска), Бешикташ (Турција), Сур Арау (Швајцарија), Анортозис (Кипар), Бохолт (Белгија), Полва Сервити (Естонија), Мотор Запорожје (Украина), Холон (Израел), Раховеци (Косово), Волендам (Холандија), Х71 (Фарски Острови), Диферданж (Луксембург), Ловќен (Црна Гора), Кур (Азербејџан), Драгунас Клапиепа (Литванија), Тенакс Добеле (Летонија), Оксфорд Универзитет (Велика Британија), Диомидис Аргус (Грција)
шешир 2: Металопластика (Србија), Тиквеш (Македонија), Нербо (Норвешка), Целје (Словенија), Коњух (Босна и Херцеговина), Брно (Чешка), Мањано (Италија), Тирол (Австрија), Нилуфер Бурса (Турција), Европски Универзитет (Кипар), Вилјанди (Естонија), Макаби Тел Авив (Израел), Кастриоти (Косово), СТИФ (Фарски Острови), Берхем (Луксембург), Будванска Ривиера (Црна Гора), Баку (Азербејџан), Свиеса (Литванија), Драма (Грција), Динамо Панчево (Србија), Леотар (Босна и Херцеговина), Албатро Сиракуза (Италија), Фиверс Маргаретен (Австрија) + девет победници од првото коло
Охриѓани имаат тим со кој треба да дотуркаат до завршницата на ова натпреварување, иако на пример има „нагазни мини“ и меѓу нивните можни ривали како на пример словенечкиот Целје, додека сите останати не би требало да претставуваат пречка за „гладијаторите“. Можен е македонски дуел, бидејќи и Тиквеш е меѓу потенцијалните ривали за Охрид.
Кавадарчани може да налетаат на Охрид, Војводина, Тримо Требње, Бешикташ, Татабања, но и да добијат „џек-пот“ од типот на англискиот Оксфорд Универзитет. Има и ривали кои би можеле да бидат по мерка од косовскиот Раховец, белгискиот Бохолт, летонскиот Добеле.
Бутел Скопје нема премногу избор меѓу ривалите. Гранитас не би бил добар избор поради сложеното патување, убаво би било да се избегне и грчкиот ПАОК, а меѓу посакуваните ривали сигурно е косовската Беса, естонската Мистра, можеби босанската Вогошча…
ЕХФ Европски Куп, жени:
Коло 2 (27/28 септември – 04/05 октомври)
шешир 1: Вестфрисланд (Холандија), ПАОК (Грција), Кобержице (Полска), Сплит (Хрватска), Х71 (Фарски Острови), Салерно (Италија), Железничар Инџија (Србија), Галичанка Лвов (Украина), Макаби Рамат Ган (Израел), Ацгерсдорф (Австрија), Криваја (Босна и Херцеговина), Винтертур (Швајцарија), Ајдовшчина (Словенија), Истогу (Косово), Азераил (Азербејџан), Керженг (Луксембург), Каскада Гарлијава (Литванија), Лација (Кипар), Бјала (Бугарија), Малага (Шпанија), Дунајска Стреда (Словачка), Трабзон Ортахисар (Турција), Сао Педро (Португалија), Селфос (Исланд), Металург Автокоманда (Македонија)
шешир 2: Венло (Холандија), Артас (Грција), Елблаг (Полска), Ериче (Италија), Бор (Србија), Холон (Израел), Корнебург (Австрија), Крајина Чазин (Босна и Херцеговина), Литија (Словенија), Самадреџа (Косово), Кур (Азербејџан), Дуделанж (Луксембург), Репласа (Шпанија), Слован Дусло Шала (Словачка), Брага (Португалија), Чаир (Македонија), Квинтус (Холандија), АЕК Атина (Грција), Феризај (Косово), Диферданж (Луксембург), Куманово (Македонија), Шќипоња (Косово), Елче (Шпанија), Ускудар (Турција), Панорама (Грција)
Коло 3 (08/09 ноември – 15/16 ноември)
шешир 1: Атлетико Гуардес (Шпанија), Јувента Михаловце (Словачка), Бурса (Турција), Мадеира (Португалија), Хаукар (Исланд), Кинжварт (Чешка), Ѓорче Петров (Македонија) + девет тима победници од првото коло со најдобар рејтинг
шешир 2: 16 победници од првото коло
Ѓорче Петров ќе го дознае парот од кој победникот ќе биде негов ривал во ноември, а меѓу можните ривали ќе бидат и македонските Металург Автокоманда, Чаир и Куманово, под услов сите да го минат второто коло.
Металург Автокоманда го „фати“ последниот воз за прв шешир во второто коло и може да игра против Чаир или Куманово, но убаво би било да избегне шпанските Елче и Репласа, италијанскиот Ериче, како и полскиот Елблаг…Убаво е ако им се падне некоја од екипите од Косово, Луксмебург или Азербејџан.
За Чаир и Куманово покрај Металург Автокоманда, меѓу можните противници има три „џек-пота“ – кипарската Лација, бугарскиот тим Бјала, како и азербејџанскиот Азераил. Сигурно никој не го посакува Селфос од Исланд, како и словачкиот првак Дунајска Стреда или шпанската Малага.
Сите македонски тимови својот ривал ќе го дознаат на ждрепката што ќе се одржи на 15 јули.