Амбициозниот состав на Охрид оваа сезона се врати на меѓународна сцена по пауза од седум сезони и ќе игра во ЕХФ Европскиот Куп.
Ривал на „гладијаторите“ ќе биде незгодниот романски тим Потаиса Турда, а ЕХФ ги објави термините за овој двомеч.
Првиот натпревар Охрид ќе го игра на 19 октомври во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.
Реваншот ќе се игра во „Турда Арена“ во Турда на 26 октомври со почеток во 17:00 часот, по што ќе биде познат патникот во третото коло.
Втор македонски претставник во ова натпреварување е „сино-белиот“ тим од Автокоманда, а ривал е литванскиот тим Драгунас Клаипеда. Двата меча се закажани за 19 октомври од 19:00 часот во Скопје и на 26 октомври од 15:00 часот во Клаипеда.