Македонското ракометно „ел класико“ на полувреме во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Битола донесе минимално водство на битолчани од 12-11.
Вардар поведе, но домашните откако го презедоа водството од 3-2 потоа имаа контрола. Во прилог на битолчани одеше и црвениот картон што го доби Урош Митровиќ во 9 минута по ударот над Павле Атанасијевиќ. Десниот бек на скопјани мораше да замине на трибините, по што Еурофарм Пелистер го зголеми водството на 7-4. Во брзата игра Вардар најде решение и врати со два гола по ред, по што резултатот беше намален на 7-6 во 15 минута.
Воркапиќ имаше шанса да днесе израмнување по двојнот исклучување на Осама и Горига, но тој пенал заврши над голот. Исто и битолчани не релаизира пенал, а Милан Лазаревски во 18 минута донесе израмнување, 7-7, правејќи го мечот интересен. По голот на Видомски и водството 8-7, Иван Чупиќ побара тајмаут, а шанса за пенал да шутира доби Тузолана кој погоди за ново реми 8-8.
Видомски беше малото изненадување на Стефче Алушовски, и Полјакот постигна два гола за 19 минути играње. Рудолф Хакбарт во 24 минута повторно му донесе предност на Еурофарм Пелистер од „плус 3“ за 11-8, но Дмитро Горига брзо врати на спротивната страна. Имаа и двата тима шанси за гол, Но Тузолана во контра успеа да погоди и да намали на 11-10 во 28 минута од првото полувреме.
Имаше можност Вардар да израмни, но шутот од крило на Тузолана заврши во рацете на Никола Митревски кој ја забележа петта одбрана на мечот. Пешевски зголеми на 12-10, а Франциско Силва на 12-11. Последниот шут го имаа домашните од крило но беа реализација.

























