Еурофарм Пелистер во евро-лотарија

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска ќе ги дознае противниците во групата за новата сезона од Лигата на шампионите.

Јасно е дека пелистерци ќе добијат ривал од Германија, Унгарија, Полска, Франција и Данска, бидејќи од овие две земји има по два тима во елитната конкуренција.

Битолчани ќе играат против европскиот првак Магдебург или Фуксе Берлин, Веспрем или ПИК Сегед, Висла Плоцк или Келце, Нант или ПСЖ, односно Алборг или ГОГ Гудме.

Во опцијата за можни ривали се уште Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг Лисабон, Колстад и Барселона.

Еурофарм Пелистер се најде во третиот шешир, но додека дојдат битолчани на ред за влечење, групите ќе бидат практично формирани, па нема да има многу избор за ривали.

Ждрепката стартува од 15:00 часот, а ќе се одржи во Виена.

Познати шеширите пред ждрепката – Пелистерци ќе добијат ривал од Унгарија, Германија, Франција…