Битола ја оправда довербата дека тука се игра „мечот на колото“ во лигата на шампионите, а Еурофарм Пелистер со 11-8 замина на одмор по првиот дел, најавувајќи борба до крај за победа.
Иако унгарскиот тим допатува како фаворит, цели десет минути не можеа да постигнат гол во Битола, а домаќините водеа со 5-0. Предноста од „плус 5“ ја имаа домашните ракометари и во 23 минута кога водеа со 10-5.
Македонскиот првак покажа дека може секому да се спротистави и дека има тим кој може рамноправно да игра во лигата на шампионите.

























