Еурофарм Пелистер со негатива на паузата против ПСЖ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер губат на паузата од францускиот ПСЖ со 18-15 по првото полувреме во последниот домашен натпревар од оваа сезона во Лигата на шампионите.

По почетната игра гол за гол до 4-4, гостите беа тие што се одлепија на плус два, 6-4, а битолската одбрана немаше многу решенија за Јахја во продолжението, па ПСЖ отиде и на предност со четири гола, 12-8.

Грин беше солиден на голот, му одбрани пенал на Манасков, но Тајник, а потоа пелистерци го засилија темпото и успеаја да ја стопата негативата на 15-14.

Шипжак се разигра во финишот на полувремето, погоди и од пенал пред паузата за 18-15 за ПСЖ.