Еурофарм Пелистер поразен во Берлин – ги загуби шансите за осминафинале во ЛШ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер не успеа да оствари поволен резултат на гостувањето во Германија кај Фуксе Берлин, беше поразен со 39:29 во натпревар од претпоследното коло од групната фаза од ЛШ.

Пелистерци вечерва требаше да победат, или пак да освојат барем бод, за да останат во игра за пласман во осминафиналето. Еурофарм Пелистер во последното коло на свој терен ќе го пречека ПСЖ и ќе се обиде со победа да ја заврши сезоната на европска сцена.

По неколку нереализирани напади на стартот, првиот гол на натпреварот го постигна капитенот на пелистерци Филип Кузмановски. На домаќините им требаше четири -пет минути да дојдат до првата реализација и преку ѕвездата Гидсел израмнија на 1:1.

Од тој момент, па до 10-та минута пелистерци беа без постигнат гол, а разиграните ,,лисици” постигнаа уште шест гола во низа за предност од 7:1. Митревски до средината на првиот дел имаше една интервенција, додека на спротивната страна Ласе две повеќе.

Македонскиот шампион некако успеа да излезе од кризата, реализираа Кузмановски и Павле Атанасијевиќ, па така битолчани намалија на минус три, 7:4. Предноста на домаќините во 15 минута беше 8:4, до крајот на полувремето најчесто водеа со четири до пет гола разлика, а по 30 минути игра резултатот беше 15:12.

Кај Еурофарм Пелистер само тројца ракометари се запишаа во листата на стрелци во првиот дел. Филип Кузмановски имаше шест погодоци од осум обиди, а по три реализации имаа Павле Атанасијевиќ и Мохамед Шабиб.

Избраниците на Алонсо по пет минути игра во вториот дел успеаја да намалат на минус два, 18:16, имаа шанса да дојдат и до минус еден преку Шабиб, но голманот Ласе успеа да интервенира. Тоа беше и последната шасда на Еурофарм Пелистер да направи нешто, бидејќи Фуксе Берлин во 40 минута водеше со 20:18, а пет минути подоцна имаше предност од 24:18.

Тука веќе беше јасно дека бодовите ќе останат за домашниот тим, кој немаше поголеми проблеми рутински да го заврши натпреварот.

Кај Еурофарм Пелистер се истакна Филип Кузмановски со седум погодоци, шест додаде Мохамед Шабиб, а по четири реализации имаа Павле Атанасијевиќ и Урош Борзаш.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123