Еурофарм Пелистер победнички против Бутел

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер славеше против Бутел Скопје со 35-26 и ја продолжува трката за титулата. Сега битолчани го држат првото место на табелата со 17 бодови, додека Вардар со меч помалку е втор со 15 бодови.

Гостите од Скопје го отворија натпреварот со водство од 3-0, водеа и со 4-1, но домашните направија комплетен пресврт, 5-4. Во продолжение избраниците на Горан Кузманоски со одржуваа рамнотежа до 11-11.

Но во финишот на првиот дел им се случи мал пад, шампионот заигра подобро и на пауза замина со 15-12, а на стартот на второто полувреме капитенот Кузмановски зголеми на 17-12 и понатаму се беше полесно.

Бутел намали во еден момент на 23-20, но немаше сили до крајот да го направи натпреварот понеизвесен. Битолчани одновно се одлепија и само рутински ја одиграа завршницата од натпреварот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Кузмановски со десет и Урош Борзаш со шест погодоци, додека кај Бутел Скопје се истакна Филип Николов со десет гола.