Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер е во потрага по кружен напаѓач за следната сезона и според „Handball Basse“, се интересира за пивотот на Бенфика, Алексис Боргес.
Станува збор за португалски репрезентативец со кубанско потекло, кој ја одработува четвртата сезона во Бенфика. По настапите во татковината за Вила Клара, во 2013 доаѓа во Португалија, а прв клуб му е Порто.
Таму игра шест сезони во два наврати до 2020 година, а една сезона е на позајмица во каталонскиот гигант Барселона. Потоа се сели во Монпелје на една сезона пред да се врати во Португалија.
Потпиша за големиот ривал на Порто, Бенфика, со кој веднаш во првата сезона го освои трофејот во Лигата на Европа, а Боргес даде 135 голови во сите конкуренции во 2021/2022.
Шампионот Еурофарм Пелистер на пикерската позиција ги има Жарко Пешевски, Мохамед Мамду и Самоил Ристевски, но младинскиот репрезентативец ќе го пропушти есенскиот дел од следната сезона.