Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед е „меч на неделата“ во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги објави следните четири натпревари кои ќе бидат „меч на неделата“ во Лигата на шампионите.

Македонско-унгарскиот двобој на Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед од 7 коло во најелитното натпреварување е меѓу „избраните“.

Битолчани досега имаат една победа и пет порази, а гостите од Сегед се на биланс од три победи и три порази.

Се очекува овој дуел да понуди драма, неизвесност и возбудувања, па не случајно ЕХФ го избра за „меч на неделата“ од 7 коло.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед е закажан за 12 ноември во салата „Боро Чурлевски“ од 20:45 часот.

Покрај овој дуел, за „мечеви на неделата“ се избрани уште и ПСЖ – Барса (8 коло, 19 ноември, 20:45 часот), Фуксе Берлин – Веспрем (9 коло, 27 ноември, 20:45 часот) и Нант – Келце (10 коло, 4 декември, 20:45 часот).