Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер бара тренер за новата сезона, и веројатно го најде во искусниот и трофеен сропски тренер Горан Ѓокиќ. Според информациите на 24ракомет, преговорите меѓу тренерот и тимот од Битола се одвиваат долго време, иако во игра имало и други тренери меѓу кои управата на клубот требала да реши.
Откако ја освои шампионската титула Шпанецот Раул Алонсо реши да замине и да го профати предизвикот да биде тренер во Бундеслигата. Тоа го стави тимот на Еурофарм Пелистер во незавидна положба да мора да бара нов стратег.
За неколку дена почнуваат подготовките за новата сезона и дотогаш треба да се реши и прашањето околу тренерот.
Ѓокиќ е тренер со најмногу трофеи во Катар воопшто, како предводник на тимот на Ал Духаил. Таму мина шест сезони и освои над 20 разични трофеи, првенства, куп, првенство на Азија… Беше малку и селектор на Катар по заминувањето на Валеро Ривера, и успеа да му донесе пласман на Катар на СП 2025 година.
Важи за смирен и стабилен тренер, кој знае да извади максимум од тимот што го покажа и сезонава во Катар кога имаше серија од пет месеци без пораз, и ги освои двата најважни Купа. Ја има совладано шпанската тренерска школа, учел од Ривера а исто така бил и во Шпанија во екипите на Пуерто Сагунто, Сиудад Енкатада, Сан Антонио, Ибица, Мајо, Кангас и една сезона и во Швајцарија бо тимот на Шур Арау.
Бил и селектор на Саудиска Арабија на СП 2015 година.
Недостаток е што нема работено во Европа, па неизвесно е како ќе се снајде со овој предизвик, и со притисокот кој го има традиционално во Македонија во однос на очекувањата и постигнатите резултати.
Целта на Еурофарм Пелистер е сезонава да има подобри резултати во лигата на шампионите и секако одбрана на титулата.
Останува да се види дали трансферот ќе се официјализира во наредните денови, но според досегашните информации – Горан Ѓокиќ е најсериозниот кандидат за нов тренер на Еурофарм Пелистер.