Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер првиот тест пред новата сезона ќе го има на 7 август.
Ривал на избраниците на Рубен Гарабаја ќе биде белорускиот вицепрвак Мешков Брест, кој се подготвува во Србија.
Битолчани се подготвуваат на Златибор каде ја одработуваат втората фаза од подготовките пред претстојните предизвици.
По враќањето во Македонија ќе бидат дел од турнирите во Охрид и Скопје, каде ќе имаат силни тестови пред Супер Купот против Вардар на 3 септември.