Настапот на младите ракометари на Еурофарм Пелистер на Ф4 турнирот во Келн, каде екипите на Веспрем и Барселона, настапија како Академии, го отвори прашањето дали и во Битола се размилсува за нешто такво.
Сезонава битолчани во сите старосни категории беа меѓу најдобрите и играа на Ф4 турнирите, а кадетите беа и шампиони.
„Планираме Академија, и тоа е една од нашите цели, но ќе се навратам, најглем проблем е што немаме услови, што не можеме да понудиме сериозни услови, и тоа е голем проблем. Ги гледав момците од другите екипи, од Барселона, и ГОГ, и постои огромна разлика во физикус на тие играчи , во споредба со нашите. Што само по себе покажува во професионалноста со која се постапува. Дополнително, на пример ГОГ се фокусирани само на ракомет, ги селектираат најдобрите со најдобри предиспозиции, и доаѓаат реузлтатите. Ние се уште не сме стигнати до тоа, не сме стигнати да имаме стратешки кон некој спорт, вели Зран Стерјев, претседателот на Еурофарм Пелистер во разговорот за 24ракомет.
Битола отсекогаш била ракометен град, и на клубот му требаа неколку години за да дојдат резултатите од вложувањата и статегијата да се работи со млади ракометари.
„До пред неколку години во Битола имавме уште еден клуб, па имаме неколку кошаркарски екипи. Па има поделба на спортот, и ние ги губиме потенцијалните спортисти. Не дека се работи за Еурофарм Пелистер, но ракометот е спорт број 1 во Битола, тој е религија. Треба да имаме во таа насока некоја стратегија, да се направи стратегија, децата што имаат потенцијал да се селектирраат и да се работи сериозно со тоа, смета Стерјев.
Привлекувањето на младите е поврзано со можностите за школување.
„Имаме и други проблеми, Битола е универзитетски град, но нема доволно факултети. Но, се носиме со сите проблеми и наоѓаме решение, смета Стерјев.
Битолчани ги задржуваат ракометарите кои сега настапија на Ф4 турнирот, а некои добија и унапредувања во други екипи, според покажаните резултати, укажувајќи дека трудот се вреднува.