Европската ракометна федерација ги објави екипите што наредната сезона ќе бидат дел од најелитното европско клупско натпреварување.
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер трета сезона по ред ќе игра во Лигата на шампионите, а битолчани ќе можат да гледаат елитен ракомет.
Покрај нашиот првак, вајлд-карти за ЛШ добија и екипите на Келце, ПИК Сегед, Нант, Колстад и ГОГ Гудме.
Oвие екипи им се приклучуваат на Магдебург, Фуксе Берлин, Барселона, Веспрем, Висла Плоцк, Алборг, Динамо Букурешт, Загреб, ПСЖ и Спортинг Лисабон.
Вајлд-карти не добија Кадетен Шафхаузен, Порто и Слован Љубљана, па овие екипи ќе ги гледаме во Лигата на Европа.
Шеширите пред ждрепката ќе бидат објавени во среда, а ждрепката за групите ќе се одржи в петок во Виена.
Еурофарм Пелистер ќе ја стартува новата европа сезона на 10/11 септември.